10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Глоба од 2.000 евра за скопјанец кој го прекршил полицискиот час

Поради прекршување на полицискиот час скопјанец казнет со 2.000 евра, информира Министерството за внатрешни работи.

Од таму појаснуваат дека скопското обвинителство поднело предлог за издавање казнен налог против едно лице заради кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија казниво по Кривичниот законик.

Обвинетиот 22-годишник постапил спротивно на прописите со кои се определени мерки за спречување на ширењето на заразна болест.

Тој на 11 април, за време на важечкиот полициски час, бил затекнат како се движи по улицата „Аугуст Цезарец“ во Скопје без да поседува дозвола за тоа.

Јавниот обвинител му предложи на Судот за обвинетиот да определи парична казна од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​​

Спонзорирано: