Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Угостителите добиле седум пати повеќе пари од тоа што придонесуваат во економијата

Угостителството и туризмот придонесуваат со 1,54 отсто од БДП во домашната економија (податок за 2019 година), а во текот на последните 12 месеци овие сектори примиле над 37,5 милиони евра, од вкупната сума исплатена од државниот буџет која изнесува 350,5 милиони евра. Тоа значи дека кон овој сектор се исплатени 10,7 отсто од средствата, или, тоа е седум пати повеќе од нивниот придонес. Уште од почетокот на кризата угостителството и туризмот се постојано под владина заштита, во секој од пакетите има мерки кои се однесуваат директно на нив, па дури владата и за во иднина најави и нови мерки за овој сектор. Оттаму, нејасно е зошто угостителите преку протести вршат притисок врз владата, анализира Слободен Печат.

Во првите четири пакети имаше конкретни десетици мерки со цел да му се помогне на угостителството да ја надмине економската криза. Имаше бескаматна кредитна линија на Развојната банка во износ од седум милиони евра, поддршка на плата во износ од 14.500 по вработен (април, мај, јуни), во износ од 10 милиони евра, субвенции на придонеси за вработени, износ од еден милион евра, туристички ваучери за граѓани со ниски примања, износ од 6,3 милиони евра, скалеста поддршка на плата (октомври, ноември и декември), износ од девет милиони евра, субвенции за туристички водичи, износ од 82,5 илјади евра, грантови за туристички агенции, износ од 1,2 милиони евра, грантови за ресторани за свадби, износ од 886 илјади евра, грантови за игротеки, износ од 216 илјади евра, грантови за ноќни клубови и естрадни уметници, износ од 637 илјади евра. Сите овие мерки се со цел да не се дозволи оваа гранка да западне во длабока економска криза, а голем дел од угостителите ги имаат искористено.

Во ситуација во која владата постојано покажува грижа, особено за угостителите и туристичките работници, но и кога ќе се направи анализа на изнесените бројки, тогаш е подобро овој сектор да има состаноци со економските преставници на владата за да зборуваат за можноста за уште поголеми мерки за помош, отколку да излегуваат на протести.

Можеби ќе ве интересира

Одржани редовна седница на Извршниот одбор за монетарната политика и седница на Советот на Народната банка

ДЕСК

Туркије урива рекорди во туризмот – остварени над 50 милијарди долари приход во првите три квартали од 2025

ДЕСК

Косово нѐ престигнува со плата од 500 евра во 2026-та, раст во целиот регион освен во Македонија каде засега остануваме со минималец од неполни 400 евра

ДЕСК
МАКЕДОНИЈАвест

Спасовски со честитка до влашката заедница

ДЕСК

Фејсбук статус на Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи:

Почитувани припадници на влашката заедница,
Во свое и во име на МВР ви го честитам честит 23 Мај – Националниот ден на Власите, со желби за добро здравје и просперитет.

Денеска оддаваме признание на влашкиот народ за вековниот стремеж за зачувување и промовирање на својот сопствен јазик, култура и традиција, вткаени во нашето Едно општество за сите, дотолку повеќе збогатувајќи го мозаикот на различности на Република Северна Македонија.

Придонесот на влашката заедница во Македонија е од исклучително значење токму во најважните поглавја од нашата богата историја, како во заедничките историски борби за слобода, правда, независност и државност, така и денес во насока на унапредување на севкупниот општествен живот на земјата.

Мноштво истакнати личности Власи биле активно вклучени во политиката, уметноста, науката, културата, образованието и медицината. Притоа, секогаш споделувајќи ги вредностите на заедништвото, солидарноста и меѓусебната почит, како и прогресивните и иновативни идеи за подобар животен стандард на секој еден.

Така продолжуваме и во иднина, сплотени во различностите, но со иста цел – европеизација на општеството.
За многу години нека е 23 Мај, Националниот ден на Власите!

Можеби ќе ве интересира

СЕ СПОМНУВААТ МАКЕДОНЦИ: Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

ДЕСК

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК