14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Костадинов: Со самото гласање со 62 пратеника ЗА, паднаа во вода буквално сите лажни тези кои ги пласираа пратениците од ВМРО ДПМНЕ

Фејсбук статус на Костадин Костадинов:

Да бидеме искрени, зошто е гневот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ толку голем после изгласувањето на петтиот сет економски мерки?
Со самото гласање со 62 пратеника ЗА, паднаа во вода буквално сите лажни тези кои ги пласираа.
🎈Падна тезата дека владејачкото мнозинство не е стабилно!
🎈Падна тезата дека некои пратеници од владејачкото мнозинство размислуваат да ги поддржат нивните политики.
🎈Падна тезата дека тие се загрижени и бараат итна седница за петтиот сет економски мерки, напротив се докажа дека беа до крај деструктивни.
🎈Падна тезата дека буџетот бил празен и државата немала пари за исплата на помошта кон граѓаните и компаниите.
🎈Падна тезата дека тие се одлучувачки фактор во Парламентот.
Видовме сите, освен за ширење хистерија за друго и не ги бидува.
Жалам што 60.000 работници беа мета на ВМРО-ДПМНЕ, сепак на крај пораката до граѓаните е јасна и прецизна.
Нема да дозволиме калкулации со интересот на нацијата, успеавме без неработниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: