12. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Со гласовите на двајца пратеници позитивни на Ковид-19 изгласани антикризните мерки

Со 115 гласови „За“ Собранието на Северна Македонија едногласно го изгласа петтиот пакет антикризни мерки за помош на граѓаните и компаниите погодени од Ковид-19.

Но, претходно за да се направи кворумот за почнување на првата од двете денешни седници мораа да присуствуваат и двајца пратеници од владејачкото мнозинство кои се позитивни на коронавирусот, а кои во скафандери и во посебна просторија гласаа за законите на денешниот дневен ред.

Опозицијата се врати во собранието кога виде дека мазно тече гласањето на законите, но и силниот притисок од јавноста со оглед дека токму неколку опозициски партии со месеци го замрзнаа носењето на законите, меѓу кои и овој за антикризните мерки.

Со ова се урна стратегијата на блокирање на Мицкоски, велат доброупатени извори.

И покрај тешките закани за кривичен прогон кои ги упати пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицески кон претседателот на Собранието Талат Џафери, сепак лажна е веста дека имало нешто незаконско во тоа на гласањето да присуствуваат пратеници заразени од ковид, со оглед на тоа дека Собранието имало таков случај и во минатото.

Повеќе за ова од изјавата на Мухамед Зекири која може да ја прочитате тука.

Можеби ќе ве интересира

Ново раководство ја продолжува мисијата на Националната агенција за спроведување на европските програми за образование и мобилност

ДЕСК

Директорката на гимназијата во Демир Хисар на информативен разговор во полиција

C +

Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице

ДЕСК