25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пратениците од опозицијата влегоа во собраниската сала – треба да се носат законите за помош на граѓаните

Опозициските пратеници влегоа во Собранието, иако претходно постојано избегнуваа да бидат присутни на седниците, бидејќи тројца пратеници на власта беа заразени со ковид, а мнозинството не можеше да биде комплетно, па така седниците без потребно присуство.

Со ова беа блокирани многу законски решенија, меѓу кои и поддршката за бизнис секторот.

Сега ВМРО ДПМНЕ пак прави проблеми и се одолговлекува донесувањето на законите за помош на стопанството. Тие се против присуството на двајцата пратеници кои се во изолација и дојдоа за да се помогне во носењето на серијата закони.

Сепак денес се очекува да бидат донесени законите, бидејќи мнозинството е обезбедено, дури и опозициски партии да гласаат против.