215 лица, од кои 214 странци и еден македонски државјанин на овој начин успеале да се стекнат со туѓ идентитет. Поддршка било и лице посредник. Станува збор за лица кои се членови на нарко катртерли, за кои има меѓународна потерница, односно лица со висок ризик, ова го објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој вечерва на прес – конференција информираше дека е сузбиена група која издавала македонски пасоши на странци со туѓ идентитет, на држави на Македонија кои не поседувале биометриски документи. Во групата биле вклучени лица кои работеле во управните служби во полицијата.
„Ќе биде поднесена кривична пријава до 10 лица, од кои 9 се приведени. Тие утре ќе бидат предадени на надлежниот суд“, рече Спасовски.
Спасовски откри деа имало обид за саботажа врз акцијата, но тоа не успеало. Вели дека е недозволиво застанувањето пред правдата, и дека имало лажни вести. За ова посочи кон ВМРО-ДПМНЕ, при што рече – „За ваквите обиди за саботажа на акцијата, очекувам да се произнесе јавното обвинителство“.