Денес црн петок, Македонија е во црно, рече Христијан Мицкоски, велејќи дека има 50 починати поради ковид.
-Тажен ден. Станавме земја во која министри шетаат на одмори, се бара провизија за вакцини, преку викенд возат мотори, а кога не го прават тоа летаат со хеликоптери, и сето ова додека народот умира. 50 починати е цела една зграда, цел еден блок, една градска улица со куќи кои се зацрнуваат. Задоцнија од власта со реакцијата, немаат систем, ниту план, напиша лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на „Фејсбук“.
„Народот е препуштен сам на себе. Оваа влада треба да падне, тоа е единствената шанса за да работите тргнат кон подобро“, напиша Мицкоски од ВМРО ДПМНЕ, која утре пак среде пандемија организира корона протест на кој ги повикаа граѓаните да излезат и да протестираат против Венко Филипче. Контрадикторно, но ВМРО ДПМНЕ, од една страна ја обвинува власта дека има многу заразени, а од друга ги става граѓаните во опасност да се заразат.
Протестите на ВМРО ДПМНЕ за време на пандемија не се ништо ново, речиси цела пандемија се организираа масовни собири на опозиционерите, со што се доведуваше во опасност населението и присутните.