Утре од пладневните часови ќе се зголеми облачноста и ќе има повремен умерен до краткотраен пороен дожд. Во Повардарието ќе има услови за појава на ретки грмежи.
За време на викендот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (локално над 20л/м2), проследени со појава на грмежи во сабота и засилен ветер.
Во недела ќе преовладува облачно време проследено со умерен до силен северен ветер (над 60 км/час), а поради продор на постудена воздушна маса, на планините и на некои повисоки места претежно во северните делови врнежите ќе бидат од снег.
Дневните температури особено во северните делови позначително ќе опаднат.