„Работа на Државната изборна комисија (ДИК) ќе биде да го спроведува овој процес со отпечатокот на прст. По препорака на странските експерти, оние кои ја помагаат ДИК, дојдовме до конкретизација, сега имаме спецификација на процесот од почеток до крај, како тоа ќе функционира. Што побрзо се донесе Изборниот закон ДИК ќе може да ги отвори јавните набавки за таа опрема и да ја ставиме во функција до локалните избори. Тие треба да кажат дали до денот на изборите ќе го имаме системот, ако не се успее заради временско ограничување тогаш сите мораме да имаме разбирање, но сите ќе се потрудиме да стигнеме и за овие избори.“- изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, во вестите на Сител, зборувајќи за новиот начин на гласање на изборите.
„Владата има финансиски средства за оваа опрема и мислам дека ќе успееме да ја спроведеме постапката. Во следна фаза е предвидено на маса да се најдат препораките на ОДИХР, ги имаме коментарите во правда, ги имаме како законски измени. Ќе дојде и ова на дневен ред и очекувам во мај да има нови измени во Изборниот закон. Дали до тогаш ќе стигнеме и изборниот модел да го смениме ќе видиме.“- дополни Маричиќ.