Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Стејт Департментот не пофали за судството, но ни даде и мотив да продолжиме со реформите

„Во извештајот на Стејт Департментот се препознаени напорите на владата, имаме пофалба дека имаме поголема почит кон независното судство. За другото што е наведено во извештајот како недостаток работиме периодов, и за повеќе пари и за ресурси и на обвинителите и на судиите. Гледате во активностите во судството има определена динамика и тоа е пофалено, но кај обвинителите ја нема таа динамика. Верувам скоро дека ќе започнат и оценувањата на обвинителите според усвоената методологија. Набрзо ќе има седница на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители, што исто така е зајакнување на системот. Верувам ќе се следи динамиката за судството. Овој извештај ќе ни биде мотив, но и предупредување дека мораме да продолжиме да работиме.“- го искоментира министерот за правда, Бојан Маричиќ, извештајот за човекови права на Стејт Департментот, во вестите на Сител.

Можеби ќе ве интересира

Економските реформи и европската интеграција во фокусот на средбата со полскиот амбасадор

ДЕСК

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

ДЕСК

Беким Сали од Даблин: Наследството на Охридскиот договор треба да се одразува во секојдневниот живот на граѓаните

ДЕСК