Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Сакаме решение, државјанство ќе добијат оние кои на проверлив начин ќе го докажат

„Се утврди каде лесно може да се постигне договор во врска со државјанствата, има уште малку недоречени работи, се согласивме денеска на состанокот дека треба да имаме предвидлив и проверлив начин за верификација за дали некој исполнува услови за државјанство. Важен дел на сотанокот беше дека се договоривме да се почитуваат европските конвенции за државјанство, целта на сите ни е да им излеземе во пресрет на тие луѓе.“- изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, во вестите на Сител.

Дополни дека за некои точки ќе мора да има нови состаноци, пред се откако ќе се направат компаративни анализи.

„Ние знаеме дека има 800 лица без документи и за нив има закон и може да се регистрираат, прво да добијат извод, па потоа други документи. Од МВР кажаа дека има околу 2 500 актуелни барања за државајства. Ова се податоци на институциите, додека другите бројки во јавноста за сега на ниво на политика. Сакаме да направиме законски измени што ќе бидат вистинско решение за овие лица.“- рече Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

ДЕСК

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК