23. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Не може да се самопопишуваат лица кои се откажале од државјанството, велат од Државниот завод за статистика

Државниот завод за статистика ги демантира информациите што се појавија во јавноста, дека постои можност да се самопопишат и лица кои се откажале од македонското државјанство.

Оттука велат дека станува збор за дезинформации.

„Прв услов е лицата што се попишале да ги има во базата на државјани на МВР. По вкрстување на базите, оние лица коишто ги нема ќе бидат отстранети, иако се обиделе да се попишат со пасивизиран матичен број. ДЗС дејствува по сериозна методологија и се води по најстрогите и најсовремени стандарди на проверки при попишувањето и секој обид за дезинформирање и манипулирање со населението ќе биде веднаш демантиран и разобличен“, наведе Државниот завод за статистика.

Првиот вицепремиер, Артан Груби, вчера изјави дека граѓаните кои имаат пасош од земјите кои дозволуваат само едно државјанство, што значи дека се откажале од македонското државјанство, може да се попишат со извод или со било каков документ кој што го поседуваат и дека тие ќе придонесат за унапредување на правата на Албанците во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Партизацијата на М-НАВ и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ се опасни за граѓаните

C +

ЦУК: Гори на планините Кожуф и Добра Вода, под контрола четири пожари

C +

Почувствуван земјотрес во југоисточните делови на Македонија, епицентарот во Грција

C +
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Колешка нападнала колега – детали за драмата во фирма во Петровец

ДЕСК

На 22.06.2022 околу 12.20 часот во Полициското одделение Петровец, Б.Н.(36) од Кочани пријавил дека на своето работно место во фирма во с.Петровец, скопско, бил физички нападнат од неговата колешка К.А.М..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Партизацијата на М-НАВ и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ се опасни за граѓаните

C +

ЦУК: Гори на планините Кожуф и Добра Вода, под контрола четири пожари

C +

Почувствуван земјотрес во југоисточните делови на Македонија, епицентарот во Грција

C +