15. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Германски пратеник поднесе оставка затоа што лобирал за Груевски

Пратеникот на владејачката ЦСУ во Бундестагот, Тобијас Цех поднесе оставка на функцијата откако беше откриено дека лобирал за поранешниот македонски премиер Никола Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година, пишува „Дојче Веле“.

Според „Шпигел“ Тобиас Цех, од Христијанско-социјалната унија во Бундестагот, добил во 2016 година петцифрена сума пари за да ја советува партијата на поранешниот премиер на Македонија.

Понатаму се наведува дека Цех, исто така, лично водел кампања за Груевски.

„Ова го правам за да го заштитам моето семејство и да избегнам штета на мојата партија преку можни предрасуди. Мислам дека легално нема конфликт. Но политички не можете да се однесувате така“, напиша Цех по оставката.

Блокот Меркел веќе изгуби тројца пратеници поради скандалите околу договорите за набавка на заштитни маски.

Можеби ќе ве интересира

Безбедносните служби не се играчка: Филипче го предупредува Мицкоски да престане да ја злоупотребува државата за политичка драма

C +

Филипче: Мицкоски злоупотребува безбедносни институции за да ги прикрие кризите, ова е преседан

C +

Костова за Фактор.мк: Граѓаните живеат тешко, ДПМНЕ и Мицкоски со прст не мрднаа да им помогнат

C +