27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Студенти и невработени се најброни меѓу пријавените попишувачи, хонорарот е околу 35 000 денари

Рокот за пријавување на теренските попишувачи трае уште три дена, а се поголем е интересот кај младите да се пријават и да бидат дел од статистичката операција. Отворениот повик се однесува на студенти, невработени, млади и секој оној кој во следните 30-тина дена ќе има време да се посвети на пописот и со своето знаење и посветност да им помогне на граѓаните и на државата. Сите заинтересирани може да се пријават до сабота затоа што од следната недела започнуаат тестирањата и обуката, за да можеат попишувачите од 1 април да бидат спремни и да ја започнат статистичката операција, која не сме ја спровеле цели 20 години.

Попишувачите кои ќе го спроведуваат пописот на населението ќе имаат можност да заработат и над 35 000 денари хонорар за ангажманот. Тие ќе бидат на терен од 1 до 21 април, период во кој е планирано да се спроведе целата операција со евидентирање на граѓаните кои живеат на територија на Северна Македонија, а една недела претходно ќе имаат тестирање и подготовки за непречно и професионално изведување на статистичката операција, од 22 до 31 март. Што значи дека попишувачите ќе бидат активни од 22 март до 21 април за хонорар од 600 евра, сума која е примамлива за младите, студентите, невработните. До сега за пријавиле над 4 500 граѓани кои сакаат да бидат попишувачи и да дадат свој придонес во статистичката операција. Во следните три дена бројката ќе се комплетира за да може од следната недела да започнат тестирањата и обуката.

Линк до конкурсот: https://popis2021.stat.gov.mk/konkursi/DopolnitelenKonkursZaPopisuvaci_3_mk.pdf

Она што е најважно за сите е здравствената заштита за време на пописот, па затоа Комисијата за заразни болести издаде протоколи според кои ќе се врши пописот. Тие протоколи обезбедуваат целосна заштита и на попишувачите и на граѓаните, затоа препораките и од лекарите и од Државниот завод за статистика се дека сите учесници во пописот мора да се крајно внимателни, прецизни и да сорабтуваат, за да можат попишувачите што побрзо да ги поплнат формуларите и побрзо да заминат. Секој жител ќе има право да избере каде сака да се попише, па освен што може по еден попишувач да прими во својот дом, изнесувањето на податоците може да се направи и во двор, во паркот пред зграда, на тераса или онаму каде што жителот проценил дека ќе биде најзаштитен.

Оттаму, сите информации во јавноста дека пописот е загрозувач на здравјето не се точни, затоа што колку пописот ќе биде безбеден колку што ние самите ќе го направиме. Ако попишувачите се придржуваат до мерките за заштита и внимаваат на секој контакт, а граѓаните се придржуваат до препораките на Заводот за статистика и на Комисијата за заразни болести тогаш шансите за пренесување на вирусот се сведени на нула. Ова би значело дека сите ние, вклучитечлно и попишувачите, мораме да сме крајно вниматели и одговорни. Ако секој од нас и мисли добро на државата и се грижи за својата и иднината на своето семејство, треба да учевствува на пописот.

Значи, од една страна граѓаните треба да се грижат за своето здравје додека даваат податоци за пописот, процес кој нема да трае повеќе од 20 до 30 минути, и од друга да покажат дека се грижат за себе, за своите блиски, но и за државата, која од податоците на пописот ќе треба да гради политики за побезбедна и посигурна иднина на младите генерации.

Она што исто така е од особена важност е дека пописот е според меѓународно утврдени правила, без можност за манипулации и искривување на податоците. Многу пати во јавните настапи преставници на владата повторуваат дека нам не ни треба ниту повеќе, ниту помалку жители, нам ни е неопходна точна бројка на граѓани, како и точни податоци за сето друго, затоа што само така ќе може да се надеваме на конкретни и ефикасни државни политики за подобар живот.