25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Глоби за двајца гостиварци кои не ги почитувале решенијата за изолација

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против двaјца гостиварци, поради непочитување на здравствените прописи за време на епидемија. ОЈО Гостивар поднесе предлог за издавање казнени налози, со кои му предложи на Основниот суд Гостивар да им изрече парични казни од по 100 дневни глоби.

Двајцата имале решение за домашна изолација и лекување, но тие не биле дома кога полицијата извршила контрола. Едниот отишол да купи лекови до аптека, а другиот ја напуштил државата и со авионски лет отпатувал во Минхен, Германија.

„ Првиот обвинет од село Голема Речица, на кого му бил определен задолжителен здравствен надзор и домашна изолација, не постапил согласно решението на здравствените власти, па на 03.11.2020 година го напуштил домот. На наведената домашна адреса бил затекнат само неговиот син, кој кажал дека не знае каде е татко му. Следниот ден полициските службеници извршиле разговор со обвинетиот, кој потврдил дека го напуштил домот, пешки се движел покрај реката Вардар до селото Равен и назад, купил лекови од аптека и се вратил дома.

Вториот обвинет, пак, исто така имал Решение за лекување и изолација издадено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и од 06.02.2021 година требало да остане во домашна изолација во село Равен. Но, на 12.02.2021 година без дозвола ја напуштил државата и со авионски лет од Меѓународниот аеродром Скопје отпатувал во Минхен, Германија“ се вели во соопштението на обвинителството.