Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Лекарите тврдат: Се роди првото бебе во светот со антитела

Жена од Јужна Флорида, која примила една доза вакцина против коронавирус додека била бремена, неодамна се породила, а нејзиното дете е првиот регистриран случај во светот на бебе родено со антитела на коронавирусот по вакцинирањето на мајката, тврдат двајца педијатри.

Лекарите го претставија своето откритие во претходно отпечатена статија, што значи дека нивните тврдења допрва треба да бидат потврдени од професијата, забележува „Гардијан“.

Лекарите Пол Гилберт и Чад Рудник рекоа дека мајката ја примила првата доза вакцина на „Модерна“ во јануари, во 36-тата недела од бременоста.

Жената роди силно и здраво девојче три недели подоцна.

Истражувачите ја анализирале крвта на бебето од папочната врвца и откриле антитела за време на раѓањето, се наведува во написoт.

„Според наши сознанија, ова е прв пријавен случај во светот на бебе родено со антитела по вакцинацијата“, изјави Гилберт за огранокот на „Еј-би-си“.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: ДЕТЕТО НА БОГАТИОТ НАСЛЕДУВА КАПИТАЛ, ДЕТЕТО НА СИРОМАШНИОТ НАСЛЕДУВА БОРБА – Дали навистина сите почнуваме од иста позиција?

ДЕСК

ДИМИТРИЕВСКИ НЕ ОТСТАПУВА – ЗНАМ очекува лидерска средба во декември

ДЕСК

ДЕНЕСКА ПРИСТИГНУВА ЗИМАТА – Дождот ќе преминува во снег, можни врнежи од снег и во Скопје

ДЕСК