28. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Со инвестицијата во Александрополис стануваме енергетски коридор и обезбедуваме стабилна електрична енергија

Северна Македонија ќе инвестира околу 140 милиони евра во терминал за течен гас и гасна централа во Александрополис, Грција. Во терминалот нашата држава е планирано да учевствува со 10 отсто, а во гасната централа ќе има удел од 25 отсто. Во гасниот терминал учесник ќе биде Национални енергетски ресурси (НЕР), а во гасната централа, Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), пишува Независен весник во објавениот текст.

Несомнено дека ова е важен чекор за државата затоа што ќе се овозможи да бидеме транзитна земја за пренос на гас, но и дека ќе обезбедиме сигурно снабдување со енергија. Ако се земе предвид дека ЕСМ ќе има 25 отсто удел тогаш јасно е дека ќе се подобрат перформансите на компанијата во процесот на производство на електрична енергија.

Според проектот терминалот во Александрополис ќе биде поврзан со азербејџанскиот гасовод ТАП, грчко-бугарскиот интерконектор, идниот бугарско-српски интерконектор и подземните постројки за складирање на гас во Југоисточна Европа, што ќе бидат проширени. Но, овој проект не е важен само регионално, туку има и европско значење. И од Брисел истакнуваат дека овие енергетски капацитет ја зајакнуваат безбедноста на снабдувањето, ги диверзифицира изворите и патиштата за снабдување со енергија, ја зајакнува конкуренцијата и поддржува воспоставување природен гас трговски центар во поширокиот регион на Југоисточна Европа, носејќи очигледни придобивки за сите крајни потрошувачи.

Проектот го поддржува и САД. Независен весник ја пренсува изјавата на премиерот Зоран Заев во една прилика изјави дека поврзувањето со Грција е со поддршка на ЕУ и САД, но и дека Северна Македонија прераснува во енергетски коридор. Истото мислење го сподели и помошникот-државен секретар за енергетика на САД, Френсис Фанон, при што на заедничката прес-конференција со Заев ја истакнаа поддршката на САД за Северна Македонија да биде дел од неколку проекти кои ќе бидат значајни за земјата и регионот, како што е терминалот за течен природен гас во близина на Александропулос.