На 28. Меѓународен вински натпревар “Мундус Вини” кој се одржа во Германија, во исклучително силна конкуренција, врвниот и уникатен вкус на „Марков Манастир“ беа пресудни за стручното жири да го додели златниот медал на Винарија Сковин Група.
Ова вино е дел од премиум понудата на компанијата, а е добиено од селектирано грозје од сортата Вранец, од сопствените насади на Винарија Сковин, во локалитет Маркова Река. Награденото вино е од бербата во 2011 година и се смета за прво македонско суво црвено вино, најчесто опишано како моќно, врвно и незамнилво.
– Квалитетот на нашите производи е наш највисок приоритет,а паралелно со тоа посебно вниамние посебно внимание се посветува на развојот на компанијата. Винаријата моментално работи на нови квалитетни производи за кои очекуваме да бидат врвни вински амбасадори на нашата земја во светот,- велат од компанијата.
„Мундус Вини” е еден од најпознатите и најценетите вински натпревари. Виното „Марков манастир” го доби златниот медал во конкуренција на повеќе од 10 000 вина на производители од целиот свет, со преку 50 земји учеснички. Квалитетот на пристигнатите вина го оценува меѓународно стручно жири составено од 150 висококвалификувани судии-енолози, вински аналитчари, трговци на вино, сомелиери и новинари што ја следат светската винска индустрија.
Вообичаено е награденото вино заедно со другите победници на „Мундус Вини” да бидат изложени пред посетителите на еден од најголемите вински настани во светот – „Провајн” во Дизледорф, но поради пандемијата предизвикана од Ковид-19 годинава, годинава нема да се одржи.