24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Филипче се грижи за личните интереси, луѓе умираат

Осврнувајќи се на состојбата со коронавирусот во државата, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека бројката на заболени секој ден се зголемува.

„Ситуацијата е под контрола, ама ќе ја ставиме во функција mодуларната болница. За каква контрола говори Филипче додека секој ден умираат граѓани од корона, а нема ни една вакцина? Или на контото ја има само вакцината донирана од Србија. За руската вакцина која ја најавува за до крај на неделава или за в недела некако е несигурен“, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваа партија, истите колчичини на вакцини кои власта ги најавуваше за јануари, за февруари, сега ги најавува за месецов, но датум за ниту една вакцина, како што велат, нема.

„Додека Филипче се грижи за личните и партиските интереси, луѓе умираат, бројката на заболени се зголемува“, стои во писменото соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.