14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Толку од убавото време – Подгответе се за дожд и температури под нулата

Денес ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а на планините со локален снег особено во западните и северните делови. Од претпладне ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и на повисоките места каде повремено ќе достигнува брзина над 70 км/час.

Во недела ќе се задржи променливо облачно и постудено со услови за слаби локални врнежи на југозапад. Дневните температури ќе останат пониски во недела, а утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни. Во понеделник температурите малку ќе се покачат, а потоа следи посвежо време со нови врнежи.

Прогноза за 08.03.2021
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 8°C до 13°C
Сончево со зголемена облачност и со услови за појава на слаб дожд претежно во западните делови. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец.

Прогноза за 09.03.2021
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 7°C до 13°C
Променливо облачно со повремен локален дожд претежно во јужните делови и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 10.03.2021
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 6°C до 11°C
Променливо облачно со врнежи од дожд кои во западните делови и особено на повисоките места понекаде ќе преминуваат во снег. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Спонзорирано: