Во координарана акција на институциите, Сашо Мијалков немаше друг избор и го стори она што му беше неизбежна опција – да се пријави и да си го земе решението за притвор, напиша премиерот Зоран Заев утрово на Фејсбук.
– Правдата е обезбедена, и ќе ја има и повеќе и почесто! Ќе следува ваков одговор на институциите секогаш кога некој ќе сака да си игра со правдата, напиша Заев.