Судот му одреди мерка куќен притвор на Сашо Мијалков. Како што синоќа објавивме Мијалков не беше пронајден во својот дом или на локациите каде што претходно бил залбежан, па полицијата не можеше да го најде.
-Преземаме мерки и активности за негово пронаоѓање. Распишана е национална потерница. Бидејќи од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено, ќе го известиме судот и ќе побараме да биде издадена наредба за распишување на меѓународна потерница, велат од МВР.