Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Лажни ПЦР тестови се продаваат за 30 евра

Полицијата на скопскиот аеродром приведе четири лица со лажни ПЦР тестови, за кои кажале дека ги купиле по цена од 30 евра.

Вчера на Меѓународен аеродром – Скопје, полициски службеници ги привеле С.С.(38) од Куманово, со место на живеење во Швајцарија, Е.Џ.(43) од Босна и Херцеговина, со место на живеење во Швајцарија, М.Р.(59) од Швајцарија и П.С.(45) од Швајцарија, поради постоење основи на сомнение дека приложиле лажни негативни ПЦР тестови.

Извршен бил разговор со нив и било утврдено дека тестовите им ги набавил нивен пријател по цена од 30 евра по тест. Лицата биле задржани за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

Голема физичка пресметка во близина на кафеана во Карпош – МВР излезе со детали

ДЕСК

Грабежи во Аеродром и Центар – девојка и пензионерка останаа без пари и личен накит

ДЕСК

Се запали камион со скопски таблички

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.