11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ќе се дозволат камапањи од јавен интерес, неопходни за подобар живот на граѓаните

Сегашниот член 102 и од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги забранува целосно владино рекламирање во медиумите. Оваа измена на законот ја напрви Владата на СДСМ веднаш по доаѓањето на власт затоа што претходното искуство покажа дека ВМРО ДПМНЕ ги користела народните пари за владино, поточно партиско рекламирање, а со тоа ги корумпираше медиумите, односно ја купуваше нивната доверба и наклонотост.

За да се пречи во иднина таква појава, СДСМ реагираше со измени во законот, но сега, особено заради претстојниот процес на имунизација, се појавува потреба од нови измени во законот, односно владиното рекламирање како такво да остане и понатаму забрането, но да се овозможат кампањи од јавен интерес. Соочени со бројките од некои анкети, кои покажаа дека половината од населението е против вакцинирање, се наметна потребата од едукативна кампања преку која ќе се подигне свеста кај населението за да сфати дека вакцините се безбедни и дека се од полза ако ги примат во што поголем број.

Понатаму, покрај оваа, Владата во иднина ќе се соочи со потребата и од други кампањи, преку кои ќе го едуцира и мотивира населението и ќе го направи соработник во одлучувањето. На пример, интензивната битка против корупција во даден момент ќе ја отвори потребата од камапња, преку која би се вклучиле сите граѓани за борбата да добие поголема смисла и во неа да се вклучат сите. Или, ако се појави потреба од кампања за безбедност во сообраќајот, законските измени би овозможиле таа непречено да се прикажува медиумски.

Во полза на владиниот став за законски измени оди и ставот на Македонската медиумска асоцијација на телевизии (ММА)

Целта на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е да се овозможи емитување на кампањи од јавен интерес, за што е потребно да се смени членот 102. Кон овие измени може да се пристапи брзо со оглед на консензусот во општеството и поддршката на владината идеја од страна на Македонската медиумска асоцијација на националните терестријални телевизии (ММА).

Токму од таму информираат дека, земајќи го предвид речиси едногодишното живеење и работење во услови на пандемија, ја подржуваат Владата во однос на нивната иницијатива за измена на членот 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во кој се забранува какво било користење на буџетски средства за какво било информирање преку приватните радиодифузери.

„Земајќи ја предвид позитивната европска пракса, која дозволува и препорачува емитување на непартиски кампањи од исклучителен јавен интерес, како што се на пример кампањите за заштитните мерки од ковид-19, во смисла на држење дистанца, носење маски и слично, сметаме дека, како европската, така и домашната јавност мора на вистинит, но и навремен начин да биде информирана за теми и прашања од исклучителен јавен интерес кои имаат директен ефект врз македонските граѓани како на пример: антикорупција, борба против дезинформации и лажни вести, интеграција на земјата во ЕУ, борба за чист воздух…“ – се наведува во известувањето од ММА.

Спонзорирано: