6. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шилегов: Со новиот лик на кејот „13 ноември“ докажуваме дека на шеталиштето има место за сите

„На кејот нема простор за непрописно паркирани возила, за прометна улица со многу возила, а малку пешаци и велосипедисти, пропаднати плочници, хаос од рекламни објекти, жардиниери, огради, платформи и слично“ – пишува градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, во објавената колумна во „Слободен печат“ – „Кејот убав пак ќе никне – една поинаква скопска приказна“.

Шилегов со гордост изјавува дека целосната реконструкција на кејот е започната со што овој градски симбол ќе добие нов лик: „Со новиот лик на кејот докажуваме дека на шеталиштето има место за сите и дека е можен соживот на сите учесници во животот крај Вардар. Кејот мора да биде слободен за сите. И за постарите, и за помладите, и за сеирџиите и за вљубените, и за кафеанџиите и за муштериите, и за велосипедистите и за шетачите“.

„На кејот сите треба да се чувствуваме безбедно и пријатно. Да уживаме во глетката и во целата таа хармонија создадена од луѓето за луѓето. Симболот на слободата – Кејот „13 ноември“ мора повторно да биде ослободен. Кејот убав пак ќе никне – како сведоштво за една поинаква скопска приказна на преживувањето, оживувањето, хуманоста и животот“, поентира градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во колумната.

Можеби ќе ве интересира

Претреси во Кочани и Штип, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

ДЕСК

Во Тетово лишен од слобода возач од Швајцарија, управувал возило скоро двојно побрзо од дозволеното

ДЕСК

Предложен притвор за дилер на дрога во Битола

ДЕСК