Учениците на основното училиште „Никола Вапцаров“ во Струмица добија нова спортска сала на површина од 1300 м2, која е современ простор за изведување на наставата по физичко, за правилен развој на децата и за поттикнување на нивните први спортски интереси.
Спортската сала е комплетно опремена со спортска опрема и реквизити, соблекувални со туш кабини и е енергетски ефикасен објект, кој наскоро ќе биде приклучен на градската гасоводна мрежа.
Струмица е спортски град, со спортски традиции кои претставуваат значаен дел од македонскиот спорт и убеден сум дека вложувањето во физичката култура и во спортот ќе даде уште поголеми резултати, напиша Премиерот Зоран Заев.