Седумдесет и шестгодишна битолчанка со иницијали Д.Х., вчера пријавила дека во периодот од мај 2020 до јануари 2021 година нејзина сосетка во повеќе наврати земала поголем износ на пари и накит од неа, при што ја довела во заблуда со лажно прикажување и прикривање факти за заемот, поради што смета дека е измамена.
За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.