25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шилегов: „Ако ја вратиме Мексичка, не значи дека нема да има улица Петре Пирузе Мајски“

Во гостувањето на Сител, градоначалникот на Скопје беше прашан и за враќањето на изменетите имиња на скопските улици.

„Улицата во која јас живеам биле мексички бараки, затоа е крстена „Мексичка“. И тоа се мотивите да исправиме едни небулози кои што порано ни се случуваа… Ако ја вратиме „Мексичка“, тоа не значи дека Петре Пирузе нема да има улица во Скопје“ – изјави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, на гостувањето во централните вести на ТВ Сител во 19 часот.

„Она што ние го работиме сега е зголемување на регистарот на имиња на улици за град Скопје. Градот Скопје досега има околу 590 имиња, ние го зголемивме тој број за 570 плус… од кои што потоа се црпат имињата на улиците, појасни градоначалникот Петре Шилегов.

„Градот е традиција. Не можете вие на Скопјани да им кажете дека оваа улица е Аминта. Таа била Ленинова. Не може да е „Јордан Мијалков“ улицата, таа е „Железничка“… Денеска никој не вика „одам на улица Јордан Мијалков, вели одам на улица „Железничка“. Вие мора да се прилагодите на тие навики на граѓаните“, потенцираше Шилегов.