Вечерва во ТВ21 во дебатниот магазин „Клик Плус“ гости ни се пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска.
Откако Стојановска рече дека парламентарното мнозинство е загрозено, и дека ВМРО-ДПМНЕ е во преговори со коалиционите партнери на владеачката структура, на истото прашање одговори и Петровска.
Таа истакна дека мнозинството и владата се стабилни.
„Тоа парламентарно мнозинство од опозицијата се најавува уште од првиот ден од ова мнозинство, кое е стабилно. Но, за демократија тоа е нормално. Замина времето кога пратениците беа уценувани и кога ја слушаа само партијата. Апсолутно тоа не ја доведува во прашање довербата на Владата и парламентарното мнозинство“, рече Петровска.
Врати Стојановска која истакна дека преговорите и натаму се во тек и дека ова мнозинство е на „стаклени нозе“.