21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Вучиќ и Заев со добро вино договараа идни проекти

По примопредавањето на вакцините, српскиот претседател Александар Вучиќ и македонскиот премиер Зоран Заев ја посетија винаријата „Камник“.

Вучиќ објави фотографија на која напиша дека му се заблагодарува на Заев и на сопственикот на винаријата „Камник“ за гостопримството.

„ Заедно уживавме со добро вино и со претседателот на Владата на Северна Македонија договоравме заеднички проекти за во иднина“ напиша Вучиќ.

Вучиќ денеска му го предаде на премиерот Зоран Заев првиот контингент вакцини што Србија ни ги донира. Пратката содржи 4.680 вакцини на компанијата „Фајзер“, неопходни за имунизација на граѓаните против коронавирусот.

Министерот Филипче најави дека вакцинацијата започнува во среда со здравствените работници.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Планирана е набавка на 100 нови модерно опремени амбуланти возила

ДЕСК

Познат идентитетот на скопјанецот кој лажно се претставувал во име на функционер и изнудил 1.5 милиони денари

ДЕСК

Ужас среде бел ден во Скопје: Малолетници претепаа и повредија скопјанец

ДЕСК