Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Гореа неколку автомобили во Скопје

Денеска (21.08.2025) во 02:42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг пред зграда на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје било опожарено патничко возило „опел инсигниа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Л.(32) од Скопје.

Од пожарот било зафатено и патничко моторно возило „тојота лендкрузер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.А. (68) од Скопје. Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид на местото бил извршен од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +