Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Познат идентитетот на скопјанецот кој лажно се претставувал во име на функционер и изнудил 1.5 милиони денари

Поднесена кривична пријава против скопјанец за сторено кривично дело „измама“.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против А.З.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

Пријавениот А.З., во периодот од 15.07.2025 до 20.08.2025, со намера да се стекне со противправна имотна корист, со лажно прикажување на факти довел и одржувал во заблуда лице од Скопје дека против него ќе биде поведена судска постапка доколку не исплати 1.500.000 денари.

Имено, пријавениот А.З., познавајќи го оштетеното лице од минатото, во повеќе наврати од различни телефонски броеви, преставувајќи се во име на министерот за внатрешни работи и тројца јавни обвинители, ги барал од него паричните средства со цел да биде изземен од обвинение, односно да не биде спроведена постапка против него.
Оштетеното лице во четири наврати на различни локации во Скопје, на А.З. му ги дал побараните парични средства.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +