АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:
ЗАБРАНИ ЗА ТТВ:
Од 21:55 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково.
Од 19.30 часот поради врнежи од снег и снежни наноси на коловозот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Дебар – Струга и обратно.
Од 18.50 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.
Од 18.30 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец М.Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос.
Од 18:10 часот се воведува забрана за ТТВ на патниот правец Прилеп – Кавадарци преку планинскиот превој Плетвар и патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир.
Од 16:46 часот се воведува забрана за движење на тешки моторни возила на ГП Ќафасан.За останатите видови на возила се препорачува задолжително носење на зимска опрема во возилата и нејзина употреба ако условите на патот тоа го бараат.
Од 10:00 часот поради врнежи од снег и ниски температури се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.
Од 07:00 часот, поради врнежи од снег, на патниот правец крак Маврово – Дебар се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.
УПОТРЕБА НА ЗИМСКА ОПРЕМА:Од 15.10ч на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато се воведува задолжителна употреба на зимска опрема за тешките моторни возила. На патниот правец Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег и ниски температури на учесниците во сообраќајот им се препорачува задолжително да носат зимска опрема и по потреба истата спрема условите на патот да ја употребат.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија Пат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на целата територија на државата. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.
ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година. Повеќе детали за зимската опрема ќе најдете ТУКА.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
РАБОТИ НА ПАТ:
Поради изведување работи на пат на магистралниот пат А2 Струга – г. п. Ќафасан (од бензинска пумпа ОКТА до влез во с. Франгово) брзината е ограничена на 40 км/ч. На местото на изведување на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Г.П. Викторија Инвест од 30.10.2020 г., започна со изведување на градежни работи на патниот правец А2 Кичево – Охрид, поточно на делницата помеѓу с. Климештани – с. Мешеишта, каде има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Овој изменет режим на сообраќај ќе трае се до завршување на градежните работи.
Г.П Илинден – Струга од 30.10.2020 г. на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, кај с. Врбјани започна со изведување на градешни работи на пат (асфалтирање на риголи), каде има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Од 28.09.2020 г. ГД Гранит започна со изведба на рехабилитација на регионалниот пат Р1303, секција Кичево – Македонски Брод, во вкупна должина од 26 км. Рокот за завршување на објектот е 31.07.2021 година. Ќе се изведуваат делница по делница во должина од 1 км. Сообраќајот при изведување на работите ќе се одвива по една сообраќајна лента и ќе се регулира со пропуштање на возила координирано со знаменца.
ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време на реконструкција и рехабилитација на државен пат А2, делница Крива Паланка – ГП Деве Баир , во период од 11.05.2020 г. до 02.2022 г. со основниот проект за изведба се предвидува стругање и асфалтирање на постоечкиот коловоз како и проширување т.е изработка на трета лента на постоечкиот пат. Во текот на работното време регулирањето ке се изведува со работници, а по завршувањето на работното време, регулирањето ќе се врши со светлосна сигнализација – семафори (од Крива Паланка кон граничен премин Деве Баир). На овој патен правец во претстојниот период ќе се интензивираат работите на пат и препорачуваме прилагодена брзина на движење и почитување на веќе поставената сообраќајна сигнализација.
Поради изведување на градежни активности за рехабилитација на државен пат Р1202 (Р409), делница Маврови Анови – Жировница, односно од Маврови Анови до с. Трница, има промена на режимот на сообраќај. Сообраќајот се регулира со светлосна сигнализација, односно семафори.
Од 21.08.2020 година, ГД Гранит АД Скопје изведува рехабилитација и реконструкција на регионален пат Р1205, делница Крупиште – Пробиштип. Поради тоа се врши измена на режимот на сообраќај, од крстосница со регионален пат Р2230, до влез во Пробиштип. Односно сообраќајот се пренасочува од мостот на р. Киселица кај клучка за с. Злетово, преку с. Ратавица до Пробиштип и обратно. Од особена важност е ова преносочување да го почитуваат возачите на тешки товарни возила кои транзитираат по овој пат. Одобрението е со важност од шест месеци, односно до комплетирање на сите работи.
На патниот правец Неготино – Лакавица има забрана за движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 3,5 тони. Се препорачува почитување на патната сигнализација за сите учесници во сообраќајот на овој патен правец.
Виадукт трејд известува дека од 25.05.2020 г. започна со изведување на градежни активности при рехабилитација на дел од Државен пат А2 – потег од БС Виена Петрол/Куманово до с. Страцин, во должина од 16км, за што се врши промена на режимот на сообраќај во времетраење од шест до девет месеци.
Викториа Инвест ДОО Елбасан Подружница Скопје изведува градежни работи на автопат Кичево – Охрид, делница 4 и 5. На делница 5 Подмоље – Охрид ќе има измена на режим на сообраќај соодветно обележано со сообраќајни знаци.
Штрабаг АГ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш. Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.
СОСТОЈБА ВО СКОПЈЕ:
Виадукт Трејд известува дека на ден 21.01.2021 година (денес) поради изведување на градежни работи на дел од бул. “Босна и Херцеговина” ќе има измени на режимот за сообраќај каде ќе има комплетно затварање на постоечка коловозна лента која се крстосува со бул.”Кристијан Тодоровски – Карпош” а другата страна со ул.”Ќемал Сејфула”. А за движење на сообраќај ќе се користи новоизградената коловозна лента во два правци (двонасочно). Градежните активности ќе бидат со времетраење од 3 (три) месеци.