24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Коста Костадинов: Со огромна болка ја дознав веста за смртта на мојот другар, сопартиец Жарко Палифров

– Со огромна болка ја дознав веста за смртта на мојот другар, сопартиец Жарко Палифров. Бате Жаре не знам, немам зборови што ќе ја опишат мојата искрена љубов кон тебе, уште помалку зборови имам кои би ја опишале мојата тага и поразот кој го чувствувам во моментот, напиша на социјалните мрежи Коста Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

СДСМ со твојата смрт изгуби човек, искрен и непокорен социјалдемократ, кои остави силен печат во текот на целото твое битисување, магнет за млади, за повозрасни за пензионери, многу би се запрашале и зошто.

Затоа што Жаро живееше социјалдемократски, работеше социјалдемократски.

Човекот кој ме внесе во партијата, каква ли беше неговата моќ?

Да те викне да те воспита, ако премногу залеташ, да те закочи, да ти укаже, да те научи, а без притоа да се осетиш повредено, но со чувство на огромна одговорност за лошите постапки.

Човек кој знае да пофали за добрите постапки, а без притоа да ти создаде чувство на надмоќ…
Ама тоа го можеше единствено тој и никој друг!

Бате Жаре, нема да ги заборавам првите состаноци, од кои произлегоа бројни предлози за да си го подобриме нашето маало, нема да ги заборавам ниту дружбите со греено вино кое ти го правеше најдобро на цел свет.

И ако постои човек кој за мене може да каже политички Коста е мое дете, тоа беше единствено ти!

Многу се грозни разделбите, ама тоа не може да го промениме, животот продолжува и не не прашува за болките, ниту се грози од лузните, што на лицата, што на душите наши!

Јас знам дека темелот кој го постави во прва Б, во СДСМ Струмица, вредностите кои ги протежираше и не научи да ги негуваме, ќе бидат наш стремеж кон иднината и тоа не може да умре.

Бог да го прости нашиот Жаро!, напиша Костадинов на социјалните мрежи.