Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Подгответе се за студ до -15 степени и снежна покривка над 20 см

Под влијание на многу студена воздушна маса во следните денови ќе се задржи студено време со умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Во деновите од викендот ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови.

Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми.

Се очекува во југозападните делови на пониските места таа да изнесува над 20см.

Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Температурите ќе се задржат значително под просекот за овој период и во текот на целиот ден ќе бидат негативни.

Утринските температури ќе се спуштаат до -10, а во почетокот на наредната седмица на места и под -15 степени.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

C +