24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Владата ѝ ја одзеде дозволата на фирмата „5 летерс“ за одгледување канабис

Владата ѝ ја одзеде дозволата на фирмата „5 летерс“ за одгледување канабис, која е лоцирана во селото Алданци, Крупево.

Одлуката е донесена на предлог на Министерството за здравство.

„Оваа одлука е донесена врз основа на мислењето на Комисијата за оценување на условите во однос на простор, опрема и кадар за добивање одобрение за одгледување канабис за медицински цели, која на 21.12.2020 година и на 12.1.2021 година изврши контрола над работата на Друштвото за производство, трговија и услуги ‘5 летерс’ ДОО Скопје во објектот лоциран во с. Алданци, Крушево, при што е констатирано дека условите во однос на просторот, опремата и кадарот оценети и усвоени од Комисијата за добивање одобрение за одгледување канабис за медицински цели не ги задоволуваат одредбите од Законот за контрола на опојните дроги и психотропните супстанции во делот на кадарот, со што е постапено спротивно на законските одредби за оваа дејност“, соопшти Владата.

На крајот на минатата година од фабриката беа украдени 60 килограми марихуана.