Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Апелација ја преиначи пресудата – виновникот за сообраќајната несреќа кај „Млечен“ доби две години затвор

Апелацискиот суд во Скопје ја преиначи пресудата за сообраќајната несреќа кај „Млечниот ресторан“ во Скопје, која се случи во октомври 2018 и во која загина едно лице и, наместо условна казна, одлучи виновникот да добие две години затвор и две години забрана за управување возило.

Информацијата на „Твитер“ ја објави сопругата на загинатиот.

„Бескрајна благодарност до сите, правда за Гоце, правда за мене, правда за нас. Апелацискиот суд Скопје ја преиначи казната за сообраќајната незгода кај ‘Млечен’ и одлучил Васил да оди 2 години во затвор и 2 години да не управува пмв затоа што ми го одзеде најмилото“, напиша Наташа Димитриевска.

Јавното обвинителство пред пет месеци вложи жалба до Апелацискиот суд.​ Кривичниот суд на 4 септември лани изрече условна казна од две години за обвинетиот, што предизвика лавина реакции во јавноста.

Во несреќата учествуваа џип и мотоцикл, возачот на мотоциклот загина, а тешко беше повредена неговата сопруга, сопатничка на мотоциклот, која го загуби нероденото бебе.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК