Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со пазарџии од Зелениот пазар во Скопје при што зборуваше за изјавата на Зоран Заев во која премиерот вели дека сега не е време за предвремени парламентарни избори.
Според Мицкоски, не може да се верува на изјавите на Заев затоа што, како што кажа, веќе четврта година по ред се слушаат лаги и криминал.
„Единствено што е јасно и, што би рекол еве вака да се изразам помалку шеретски, што се гледа од Месечината е Кинескиот ѕид и нови предвремени парламентарни избори, нова Влада и одговорност за оваа Влада којашто го покраде народот“, рече лидерот на опозициската партија.
Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски пред присутните зборувал и за неговото видување со локалните избори да има и предвремени парламентарни избори.