Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Засилени сообраќајни контроли во главниот град, изречени вкупно 219 казни

И во текот на вчерашниот ден МВР продолжи со засилени сообраќајни контроли во главниот град.

На територијата на Град Скопје изречени се вкупно 219 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 22 санкции, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила, 12 за користење мобилен телефон.

Изречени се и 12 санкции за возење под дејство на алкохол, пет за минување на црвено светло, 22 мерки за непочитување на брзина на движење, пет за некористење на сигурносен појас и 73 санкции за непрописно паркирање.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Филипче да сфати дека времето на калкулации и распродажба на националните интереси заврши

ДЕСК

Претрес во Гостивар, лишено од слобода едно лице осомничено за сторени повеќе кривични дела

ДЕСК

СДСМ: Мицкоски вели „Буџетот е во одлична кондиција“ – а нема пари за референдум

ДЕСК