Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка, четворица повредени

Четири лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка во атар на село Псача, општина Ранковце, помеѓу камион и автомобил.

Во незгодата со повреди се здобил возачот на автомобилот Д.А., и неговите сопатници В.М(50) од с. Крстов Дол. и Ж.С.(28) од с.Ранковце на кои им е укажана лекарска помош во Здравствен дом Крива Паланка, додека на сопатникот М.Ц.(59) од с.Петралица му биле констатирани тешки телесни повреди од доктор во Здравствен дом Крива Паланка.

Од страна на ОВР Крива Паланка е извршен увид на лице место.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК