15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Триесетдневен притвор за креаторот и за администраторот на „Јавна соба“

Основниот кривичен суд Скопје им одреди 30-дневен притвор на креаторот и на администраторот на „Јавна соба“, кои денеска беа приведени по истрагата што траеше повеќе од една година. Тие се сомничат за производство и дистрибуција на детска порнографија.

Двајцата осомничени, на возраст од 32 и 21 година, денеска беа спроведени пред судија на претходна постапка.

„По произнесување на јавниот обвинител и осомничените лица, во присуство на нивен бранител, како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот за определување мерка притвор и висината на предвидената казна за конкретното кривично дело, судија на претходна постапка го прифати предлогот и донесе решенија, со кои на: Д. К. и М. П. им определи мерка притвор во траење од 30 дена поради постоење на сите основи од член 165 ст. 1 т. 1, 2 и 3 од ЗКП, односно опасност од бегство, основан страв дека ќе ја попречи истрагата со влијание на сведоците и ќе го повтори или доврши кривичното дело“, соопшти судот.

Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет.

Можеби ќе ве интересира

Мобилните царински тимови со 199 случаи на заплени во 2025 – Трикратно зголемен број на откриени прекршочни и кривични дела

ДЕСК

Нова дигитална платформа за поврзување на МВР и Службен весник за побрзо објавување на изгубени лични документи и вадење нови

ДЕСК

Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД

ДЕСК