25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Николовски: Заедно со Транспаренси ќе имаме акциски план против корупцијата, ќе се бориме решително и неселективно

„Имавме одличен состанок со Слаѓана Тасева и два часа зборувавме за корупцијата и начините како да ја спречиме. Одлучивме дека заеднички ќе го направиме акциски план и ќе го усвоиме на владина седница. Заедничка работа ни борбата против корупција, заедно полесно ќе успееме да ја вратиме довербата во институциите, особено да ја вратиме довербата кај младите. Ни треба и нам поддршка, на мојот тим. Ние не сме паралелен систем или посебно министртство, затоа даваме се од себе да ги надминеме проблемите кои со децении се таложеле. Имаме искусни кадри, имаме познавачи од областа на корупцијата и уште следната недела не е лошо да имаме некој план како да се бориме. Дојде ред, оваа генерација да ја има таа обврска, храбро и решително со голем мотив да се зафатиме со ова прашање, проблем што ги јаде инситиуциите, декмократијата, буџетот…“- изјави Љипчо Николовски, вицепремиер за борба против корупцијата, во емисијата 24 Анализа на телевизија 24.

Потенцираше дека извештајот за индекост на корупција објавен од Транспаренси практично се поклопува со намерата на Владата, ефикасна и сеопфатна борба против корупцијата.

„Извештајот на Транспаренси се поклопува со намерата на Владата, ги знаеме проблемите и знаеме како треба да ги решаваме, со чесен пристап и вредни луѓе и со неселективна правда. Затоа и имаме вицепремиер за борба против корупција. Можат многу повеќе институциите и вработените, затоа мораме да се поврземе како органи, свесни дека имаме недостаток на кадар, дали во обвинителствата, дали во службите. Имаме на пример по двајца или тројца инспектори во одредена област, а неопходни се многу повеќе. Еве, три пати по ред ги зголемуваме платите на инспекторите, но мораме уште многу да направиме.“- категоричен беше Николовски.