Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кратко траеше чаламот- полицијата го казни тетовецот што се фалеше на „тик ток“, остана и без флешери

Полициски службеници од ПС Тетово на 03.02.2021 во 21 часот му изрекоа соодветна казна според Законот за безбедност во сообраќајот на Ш.С. (20), кој со возило „ауди“ со тетовски регистерски таблички незаконски, со употреба на т.н. „флешери“ и хорна поминал без да плати патарина на наплатната станица Желино и тоа го објавил на социјалната мрежа „тик ток“. Ш.С. во службениот разговор го признал делото а т.н. „флешери“ се демонтирани.
МВР во соработка со Државниот инспекторат за транспорт на 31.01 и 01.02 санкционираше 32 лица за незаконско користење на т.н. „флешери“ со цел да се избегне плаќањето патарина, а ваквите засилени контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК