22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Во Софија уапсен Игор Спасов – специјалецот осуден за убиството на Мартин Нешковски

Медиумските извештаи велат дека полицијата во Бугарија, го уапси Игор Спасов, осудениот за убиството на Мартин Нешковски.

-Бугарската полиција ја известила МВР дека денеска во Софија е приведен Игор Спасов по наша распишана меѓународна потерница.

Спасов беше пуштен од затворот „Идризово“ во 2018-та година поради лекарски вешти наоди дека морало врз него да се извршат две хируршки интервенции. Во затворот требал да се врати на 18 октомври, но наместо тоа избега, сепак истиот е уапсен.

Игор Спасов беше осуден дека до смрт го претепа Нешковски на победничката прослава на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година на плоштадот Македонија. Осуден е на 14 години затвор.