Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МВР: 32 казни за неплаќање патарина и користење „флешери“, казни и за шест полицајци

Полицијата казни 32 лица за неплаќање патарина и користење „флешери“, а меѓу нив има и шест полициски службеници.

Вчера и денеска полицијата изврши засилена контрола за санкционирање на евентуални злоупотреби при наплатата на патарина на автопатиштата и неовластена употреба на т.н. „флешери“.

Притоа изречени се 32 глоби за неплаќање патарина. Шест полициски службеници ја поминале наплатната станица без да платат, со злоупотреба на „флешери“ и службена легитимација и против нив покрај изречената глоба, ќе бидат преземени мерки и од страна на Одделот за внатрешна контрола.

Можеби ќе ве интересира

62 ЗАГИНАТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА ЗА ОСУМ МЕСЕЦИ – Денес се одбележува Светскиот ден на жртвите од сообраќајни несреќи

ДЕСК

НОВИ 30.000 ВАКЦИНИ ПРОТИВ ГРИП ПРИСТИГНУВААТ ВО МАКЕДОНИЈА – Надлежните со апел до граѓаните

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Доста е со лажната загриженост на СДС, бројките и фактите ги рушат лагите на СДС економијата се мери со резултати, не со партиски пароли

ДЕСК