Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на ЈП „Македонијапат“. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, на планинските превои Стража и Буково, во Маврово и во Крушево. На планинскиот превој Пресека врнежите се од дожд и снег.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.