Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Притвор за тренер по џудо од Прилеп кој сексуално злоставувал малолетни ученички

Прилепското основно јавно обвинителство поведе постапка против маж на возраст од 46 години, за кој постои сомнение дека сторил продолжено кривично дело – обљуба со злоупотреба на положбата.

Како што се наведува во соопштението, осомничениот како тренер по џудо, од април до ноември минатата година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба извршил полови дејствија врз малолетнички (на возраст на или над 14 години) кои му биле доверени како ученички заради тренирање и воспитување.

За 46-годишникот определен е притвор во траење до 30 дена.​

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА ДО 19 СТЕПЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА – УХМР најавува промена на времето, вечерва пристигнува дожд

ДЕСК

НЕДЕЛА ПОСВЕТЕНА НА ВЕРАТА И МИЛОСРДИЕТО – Православните верници ги чествуваат Богородица Брзопослушничка и Света Матрона

ДЕСК

Филипче: Кошничката со кирија достигна 90.000 денари, а власта одбива минимална плата од 600 евра

ДЕСК