23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Минатата се покачија за 900 денари, оваа година започна со ново покачување на пензиите

Владата на денешната седница усвоила Информацијата според која јануарската пензија ќе биде повисока во просек за 185 денари. Покачувањето се должи на движерњето на индексот на трошоците за живот, кои ги погодуваат и повозрасните. Имајќи предвид дека од здравствено- економската криза влијаеше и на овие граѓани, Владата извести дека пензиите за јануари ќе се исплатат до крајот на месецот.

Покачувањето на пензиите е во просек за 185 денари и позитивно е што се појавува на почетокот на годината, па може да се коментира како добра најава дека пензиите и во иднина ќе се зголемуваат. Ланскиот јануари, заедно со покачувањата од 2019, пензиите пораснаа во просек од 900 денари. Трендот на покачување продолжува и оваа годиина.

Иако можеби Владата пријатно ги изненади пензионерите, сепак денешната одлука ја покажува грижата кон оваа возрасна категорија граѓани. Инаку, пензионерите беа дел и од владините економски мерки, па на поголемиот дел од нив им следуваа ваучери.