24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СТАВМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Да ја потсетиме Сиљановска за кое влијание може да зборува

Иако не била присутна кога пратениците ги испрашувале лично кандидатите за членови на Комисијата за заштита од дискриминација, а со тоа изгубила прилика да се запознае со биографиите и професионалното искуство на предложените, пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјаноска Давкова, си зеде за право на седница во парламентот да искоментира дека онаму каде што има партиско и политичко влијание не виреат реформите, мислејќи на кандидатите. Содржината на изјавата е во ред и пратеничката има право, точно е дека онаму каде што партијата владее, тешко се прават промени, но спорно е кој го изустува ова и на кого се однесува? Оти во ваквата содржина може да се препознае партијата на Силјаноска Давкова, нејзиниот лидер Христијан Мицкоскил, односно она самата.

Ваквиот став на пратеничката од ВМРО ДПМНЕ е промовиран токму на денот кога пратениците требаше да ги изгласаат членовите на Комисијата за заштита од дискриминација, претходно проверени на јавни интервјуа и сите со забележителни успеси во областа. За прв пат, по примерот со изборот на Антикорупциска, државата избира важна комисија на транспарентен начин, со еднаква шанса за сите кандидати.

Силјановска не присуствувала на јавната расправа во Собрането за избор на членови на новата Комисија за спречување и заштита од дискриминација. Таа не најде време да дојде на расправата која траела два дена и да постави какво било прашање на 44 пријавени кандидати за седумте места во Комисијата. А сега се расфрла со зборови дека листата на предложени членови била партиска.

Да ја потсетиме, дали тоа Силјановска зборува за политичкото влијание на ВМРО ДПМНЕ, чии пратеници долго време се спротивставуваа и директно го саботираа во собраниските тела носењето на новиот Закон за заштита од дискриминација? Дали Силјановска мисли на истото тоа влијание, кое со спречување на законот, спречуваше и каква било можност за да се формира нова, непристрасна, професионализирана и ефикасна Комисија за антидискриминација, каква што се избира деновиве? Дали Силјановска мисли на новиот претседател на ДИК, Даштевски, кој како досегашен претседател на Комисијата за заштита од дискриминација единтвено што постигна во мандатот е што му даде потврда на Груевски за дискриминација и со тоа му обезбеди азил во Унгарија и амнестија од кривичен прогон?

Државата за прв пат ќе добие Комисија со повеќе надлежности и со подобрен закон по кој ќе постапува и ќе ги штити граѓаните од дискриминација. Силјановска намерно го игрнорира фактот што формирањето нова професионална комисија преку јавен и транспарентен процес е реформа. Но кој друг би ги спречувал реформите кои водат до унапредување на човековите права, ако не ВМРО ДПМНЕ. Професорката од правниот факултет, која се декларира за поборник за човекови права, треба да размисли токму за влијанието на Мицковски и ВМРО ДПМНЕ врз нејзините постапки и изјави и како за дневнополитички потреби се дрзнува да обвинува за партизираност.

Кај Силјановска е очигледно следењето на политиката на Мицкоски за блокирање и оспорување на се и сешто . Можеме само да сме благодарни што не стана претседател марионета. Оти откако стана кандидатка за претседател на државата од ВМРО ДПМНЕ, започна да се претопува во партиски послушник. Таа ја ужива улогата на верна сенка на лидерот Мицкоски, се појави и како носител на изборна листа, а сега од пратеничката позиција ги застапува ставовите на својот лидер. Нивните заеднички фотографии во многу пригоди прашуваат дали ваква претседателка ќе беше Силјановска, како верна служителка на лидерот? Дали таа се ослободила од партиското и политичко влијание, за да обвинува дека други биле зарабоени? Силјановска во последните две години е уникатен пример како за толку кратко време од независен критичар и правен експерт стана партиски определена и делува под политичко влијание. Па така, пред да обвини, нека види дали не мисли и на самата себе?