Mинистер од бугарската Влада денеска потврди дека постои анекс од 12 точки кој е даден до македонската Влада, а според информациите со кои располагам е со исклучително лоши позиции за македонскиот идентитет, објави на социјалните мрежи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој потсетува дека само пред три месеци во интервју посочил оти постои анекс на Договорот со Бугарија.
„Тогаш од Заев, неговите немоќни соработници и владината лажлива пропаганда бев нападнат дека ширам невистини“, пишува Мицкоски додавајќи дека има две прашања до Владата.
„Ќе се извини ли власта што ширеше лажни вести и второто, што содржи анексот од 12 члена кој Владата го крие од очите на јавноста?“, јавно запраша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Преходно денеска бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во телевизиско интервју изјави дека Северна Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпише анексот од 12 точки што го доставила бугарската страна.